Лицитарското срце е предмет за дарување, алатка за изјавување на љубов, сувенир, сладок залак, .........и уште многу нешта. Лицитарското срце фактички е шарено украсен медењак, рецептот љубоморно се чува во семејствата наречени Лицитари - кои се занимаваат со изработката на истите, а се верува дека вистинскиот рецепт семејството кое било познато по најдобрите лицитарски срца немајки наследници на кого да го остават, го понеле со себе во неповратен заборав. Денешните лицитарски срца кои најчесто ќе се видат за време на слави се на база на брашно, шеќер, вода, прашок за пециво, а не на база на мед, еленска сол-леден квасец, површината малку им е напукана, се верува дека поради тоа и не се добива вистинската боја, демек не биле зачинети со љубов.
Лицитарското срце и и другите лицитарски колачи во крајот на 18 век во Србија стигнале преку Австро Унгарија. Многу бргу на нив се изцртуваат српско-етно елементи и како такви постанале незаменливи дар купени од селските слави и други народни собири. Никогаш не се користат во тажни и негативни случувања, секогаш во име на радоста и љубовта, затоа се црвени. Повеќе земји ги имаат заштитено своите Лицитари нашарани со орнаментите од нивната етно-кулутра и наследство и поради тоа ги лласираат и како сувенири.
Хрватите исто така имаат свој лицитар кој исто така е шарено украсен колач во различни форми кои се менуваат зависно од пригодата по чиј повод и се дарува. Нивните елки се украсени со ситни лицитарски колачи, за Божик се спремаат поголеми и се даруваат на блиските, а нарочита пригода за таков вид внимание е Валентиново - тој обичај тие го овековечиле и со балетот Лицитарско срце на Крешимир Баранович кој балет е изведуван ширум светот. Самиот факт што убавината на самите лицитари и нивното дарување овозможува големо задоволство, јас веќе знам дека големо ми беше задоволството што се обидов и јас да направам. По убавината сигурно дека овие моите не можат да се мерат со лицитарите направени од вештите раце на големите мајстори, но ви гарантирам дека задоволството при нивната изработка е големо, можете сами да сти создадете свој вид на Лицитар... сигурно не по оригинален рецепт затоа што го нема... но со заменски - обидете се и уживајте.
Овие лицитари поради немање на Лицитарскиот квасец јас ги спремив со пециво, глазурата е иста како што е напишана, а за шарање е спремана втората смеса. Не оставив така за да не се распрашам за тој квасец, сега го имам и во следна прилика ќе бидат сигурно спремани со тој квасец и ќе ја воочам разликата, а уште сега знам дека тестото ќе биде рамно, неиспукано, но како и да е, прочитајте како ги направив јас по рецепт од наша пријателка од Умаг.

1. Шеќерот и водата нека провријат додека се стопи шеќерот, тргнете го садот настрана и одеднаш истурете го целото брашно, бркајте го со бркалката да се спои остовате да олади онолку колку што може да се издржи со рацете понатаму да се меси. Во млакото тесто ставете го пецивото или квасецот ако веќе сте го нашле, месете на малку побрашнета површина се додека не се направи едно компактно убаво тесто. Завиткајте го во фолија и оставете го најмалку 8 часа да одлежи тестото. Јас го оставив до наредниот ден.
2. Другиот ден расукајте го тестото на побрашнета подлога во дебелина околу 0,5 см. и со модли вадете ги формите кои ги сакате, наредете ги во плех на кој сте ставила хартија за печење. Печете ги 5 мин, на 250 степени, треба да останат бели до бледожолти.
3. Кога се печени, извадете и со игла и конец веднаш пробушете ги и врзете ги, а можете да користите украсни конци, траки и др.( така во рецептот, а во забелешка ќе ставам како јас ги направив.) Оставете ги на решетка да се ладат и нека стојат до наредниот ден. Треба добро да се исушат.

ГЛАЗУРА
1. Потопете го желатинот во ладна вода како што пишува на самата кеса, додадете го откако набабрил во садот со водата и се загрева додека не се стопи - не смее да врие. Во стопениот желатин додадете ја бојата. Нека сосема малку олади и секое колаче или го брцнувајте во садот или со лажица залевајте ги, веднаш ги ставајте на нешто прикладно закачувајки ги за да се исушат. Оставете до наредниот ден или наредни денови - нека се добро исушат.

СМЕСА ЗА ШАРАЊЕ
1. Потопете го желатинот во ладна вода според упатстовото, ставете го во водата, додајте сокот и нишестето, мешајте додека не постане густо. Одвојте од смесата во толку садчиња колку што бои ке сакате да имате, додадете ја бојата и измешајте. Едната обавезно останува бела.
2. Подготовката е иста како кај рецептот од Вањините Валентањски медењаци. Предлог овде текстот и не можам да пишувам-не дава просторот изгледа.. Забелешките исто така ке ги ставам во коментар.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани