Лиснато со нутела и ванила крем
Лиснатото тесто се танчи со сукалка и се сечат траки со ширина од 3-4 см. Секоја од траките се намотува околу калапче за грклани кои претходно ги премачкуваме со танок слој маргарин. Виткајќи ја траката внимаваме да ни се преклопува половина од претходно намотаниот дел од тестото и така се до крај.
Ги печиме на 220 во загреана рерна и во плех на кој има хартија за печење. Ладни ги премачкуваме со нутела, со помош на долг нож, потоа следува филот кој го внесуваме внатре со помош на готварски шприц.
Постапката за подготовка на кремот е следна
Пудингот од ванила го вариме според наведеното упатство на него и кога е готов, во млак пудинг додаваме 100 гр. маргарин и мешаме сосема да се стопи. Така го оставаме во фрижидер се додека сосема не се излади. Во меѓувреме матиме слатка павлака во сад, ладниот пудинг го биеме со миксер а кога масата е еднолична се става внимателно и слатката павлака, се полнат приготвените калапчиња од тесто за грклани. Најгоре украсете по вкус
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
So sreka vo natprevarot :))
Елиза по колку грама е едно пакување лиснато?