Кремаст ванила колач со Нутела
Изматете ги цврсто белките, па потоа постепено додавајте го шеќерот матејќи.
Додадете го полека маслото и млекото и потоа со лажица мешајќи додајте го прашокот за пециво и брашното. Мешајте од долу на горе и во една насока.
Во Ростерот, или во минимално поголема тава, предходно намастена и обложена со пек хартија убаво распоредете ги сецканите лешници и врз нив истурете ја смесата за кора.
Печете во загреана рерна од 180 степени додека благо не порумени и биде цврста на допир.
Печената кора, кога ќе изалади, се вади од пек хартијата и се превртува со долната страна на горе, каде што се лешниците.
Се премачкува со Нутела, се редат бисквитите намакани во млеко, па се филова.
Ставете го млекото со шеќерот во тенџере на оган, но предходно издвојте од него 100 мл. Во нив измешајте го прашокот за пудинг и потоа изматените жолчки.
Кога млекото ќе дојди пред точка на вриење, тргнете го на страна и вмешајте го пудингот со жолчките. Мешајте постојано и вратете го на шпорет додека не се направи густ крем. Оставете го потполно да олади.
Во интерес на времето, убаво е кога почнувате, најпрво кремот да го спремите за да можи да се лади додека се спрема другото.
Слатката павлака цврсто изматете ја и измиксирајте ја во потполно ладниот крем од ванила.
Филованиот колач прелијте го со глазура од стопено чоколадо и маргарин, кои откако сте ги стопиле, сте оставиле да изладат.
Совет во врска со глазурата... Така беше во оригинал рецептот, така направив. Но, поради високиот крем под глазурата и цврстината на истата имав проблем во сечењето да сечам правилни коцки. Место оваа глазура ви препорачувам да си направите ганче, па место маргарин ставете слатка павлака, или не го оставајте предолго колачот да се здрви како мене, ами додека глазурата се уште не е добро здрвена направете си засеци, па потоа откако ќе излади сечете на коцки.
Колачот го правев за гости и испадна екстремно вкусен. Едногласно, покрај обилниот ручек, предјадење, десерти и др. закуски, на сите ни се допадна, ниту еден не остави ни ронка во тањирчињата и покрај тоа што не остана веќе место за уште јадење.
Лиценца: Сите права се задржани
Се читам и јас сега и навистина не сум ги спомнала бисквитите,
>>>Бисквитите одат над слојот со Нутела, предходно накратко намакани со млеко<<<
Поздрав.
П.С. Колачот е прекрасен! Фантастичен вкус !!!