Вишна-ванила кремаст десерт
Подготовка:
1. Во нутрибулет ги ситниме бисквитите. Му го додаваме растопениот путер. Соединуваме и распоредуваме во 4 чаши. Јас ставив во 3,ама беа полни до врв.
2. Во тенџере се ставаат млеко, шеќерот, пудинг и се соединува убаво. Се вари до згуснување.
Се додава путерот и се промешува. Се лади со мешање.
3. На страна многу малку, лесно, ја матиме слатката павлака и лажица по лажица ја додаваме кај пудингот.
4. Во друго тенџере се ставаат вишни, вода и шеќерот. Се вари на тивок оган 5,7 минути. Јас го поминав со стапчест миксер и процедив низ цедалка, за мазна структура. Тргнав на страна малку за да се излади па го додадов густинот. Промешав и го вратив кај вишните. Варев 2 минути, до згуснување.
5. Сега врз основата ставаме ванила крем, прелив од вишни, па ванила крем Декорирав со чоко топчиња и ливчиња нане. Оставаме во фрижидер да се излади, па послужуваме.
Лиценца: Сите права се задржани