Испечати

Вишна-ванила кремаст десерт

Вишна-ванила кремаст десерт

Состојки

  • Основа
  • 100-120гр Карамел цимет бисквити
  • 50гр растопен путер
  • Вишна прелив
  • 250 до 300гр замрзнати вишни
  • 2,3лажици шеќер
  • 60мл вода
  • 1лажица густин
  • ванила крем
  • 280мл млеко
  • 2,3лажици шеќер
  • 1 пудинг со вкус на слатка павлака ,по желба и 1 ванила
  • 30гр путер
  • 100мл слатка павлака
  • Чоко топчиња, ливчиња нане

Подготовка

Подготовка:

1. Во нутрибулет ги ситниме бисквитите. Му го додаваме растопениот путер. Соединуваме и распоредуваме во 4 чаши. Јас ставив во 3,ама беа полни до врв.
2. Во тенџере се ставаат млеко, шеќерот, пудинг и се соединува убаво. Се вари до згуснување.
Се додава путерот и се промешува. Се лади со мешање.
3. На страна многу малку, лесно, ја матиме слатката павлака и лажица по лажица ја додаваме кај пудингот.
4. Во друго тенџере се ставаат вишни, вода и шеќерот. Се вари на тивок оган 5,7 минути. Јас го поминав со стапчест миксер и процедив низ цедалка, за мазна структура. Тргнав на страна малку за да се излади па го додадов густинот. Промешав и го вратив кај вишните. Варев 2 минути, до згуснување.
5. Сега врз основата ставаме ванила крем, прелив од вишни, па ванила крем Декорирав со чоко топчиња и ливчиња нане. Оставаме во фрижидер да се излади, па послужуваме.