Во тавче на малку масло запржете го ситно сецканиот кромид и меленото месо. Додадете ги зачините, посолете-промешајте и тргнете го од оган.
Потоа, убаво изматете ги јајцата, па постепено матејќи додавајте го јогуртот, па маслото. На крај додадете го брашното предходно измешано со пецивото и солта.
Смесата сипете ја во тава 20х30. Израмнете и врз неа распоредете го филот од мелено месо.
Настрана во помал сад изматете ги јајцата и киселата павлака. Посолете и прелијте ја питата.
Печете на 200 степени околу половина час (провизорно, сами отценете кога е печено).

Забелешка
Питата на слика од брзање, по грешка е правена со чаша од 140 мл за сите состојки, затоа изгледа повисока. Иако овде, во овој случај, оскудува количеството на јогурт, се покажа пред гостите како многу убава (сечена уште топла и таква сервирана) по состав-дури помислија дека е правена со пченкарно брашно (така на вкус изгледаше тестото), но дадоа една маана-да беше пониска. Потоа увидов на мерките дека сум згрешила. Останува на вас да се држите по наведените мерки, или ако се одлучите како мене да мерите се во иста доза да го направите тоа со најмалата мерка или пак да го зголемите количеството на филот и преливот и да печите во поголема тава.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани