Сега ќе ви претставам лесна торта која не се пече, а е баш вкусна. Комбинацијата на шмекот со кафето, ванила и кокос и дава посебна арома и леснотија при конзумирањето. Повелете рецепт.

1. Во 800 мл млеко ставете 100 гр шеќер и варете додека да проврие. Посебно изматете ги пудинзите со 200 мл млеко и ставете ги во млекото што почнало да врие. Мешајте со рачна маталка додека да згусне. Тргнете на страна и изладете го кремот.
2. Со миксер пенасто изматете го путерот (оставен на собна температура) со шеќерот во прав.
3. Во изладениот крем од пудинзи ставете го изматениот путер и добро промешајте за да добиете хомогена смеса. Смесата поделете ја на два дела. Во едниот дел ставете кокос, а во другиот дел мелени бисквити и инстант кафе кое сме го раствориле во 1-2 лажица вода.
4. Секоја бисквита ја топиме во остатокот од млекото и ја редиме во послужавник или тацна во која ќе ви биде тортата. Преку бисквитите го ставаме кремот со мелени бисквити. Повторно редиме со натопени бисквити. Сега го мачкаме кремот со кокосово брашно па редиме натопени бисквити.
5. На крај ја матиме слатката павлака и украсуваме по желба.
6. Потребно е да се остави некој час во фрижидер за да се поврзат вкусовите и состојките и да добие потоа секое парче што ќе се сече убава форма.

Забелешка
Можеби нема да ви требаат толку бисквити, мене ми отидоа околу 420 гр. за редење, ама тоа зависи од бисквитите и од тоа каква форма ќе правите од тортата. Исто така во делот од кремот во кој ставаме кафе можеби ќе треба да ставите и некоја сомелена бисквита плус, ама и не мора, зависи сепак од бисквитите.
Ако го сакате многу вкусот на кафе можете да ставите и повеќе лажички, ама и вака се чувствува неговата вкусна арома.
Топењето на бисквитите го правите кратко, значи само ја ставате бисквитата некои 3-4 секунди и ја редите.
Можете да си ставите и кафе со кофеин или капучино, јас поради малите деца го избегнувам.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани