11
јун
2013
Брза и лесна торта со јагоди
1. Во сад за матење ставаме три цели јајца и три жолчки, матиме со миксер и додаваме 6 лажици шеќер. Потоа мешајќи со лажица го додаваме брашното и едно пециво.
2. Добиента смеса ја печиме на хартија за печење во округло тавче број 30 на 180 степени.
3. Откако ќе се испечи тестото го оставаме да се излади.
4. Потоа врз тестото ставаме исецкани јагоди.
5. Настрана ги матиме преостанатите три белки со 9 лажици шеќер.
6. Над јагодите ги ставаме изматените белки и повторно ја враќаме во рерна на 150 степени.
Лиценца: Сите права се задржани