Лесна пудинг торта (без печење)
Оваа тортичка е лесна за подготовка, лесна за јадење, не многу слатка, ама таман за заблажување. Ќерка ми ми вели, „мамо, многу брзо ја подготви“! Е па ја подготвив, кога користам готови кори, нема печење, само филување.
Подготовка
1. Две парчиња од корите Винчини ги сечеме во форма на срце. Остатокот од корите го цепкаме и го ставаме во еден сад.
2. Подготвуваме пудинг на класичен начин, дел од млекото го одвојуваме за да раствориме прашок за пудинг и шеќер во него, а остатокот го ставаме да се загрее до вриење. Ја ставаме смесата со пудинзи и мешаме до згуснување на пудингот. Го оставаме да се лади.
3. Откако ќе се излади додаваме засладено кондензирано млеко и ја соединуваме смесата со миксер, па го делиме на три дела.
4. Во едниот дел ги ставаме цепканите остатоци од кори. Во вториот ставаме мелени бисквити, а во третиот чоколадните лушпи. Ги соединуваме смесите со миксирање и ја филуваме тортата.
5. На првата кора го ставаме филот со цепкани кори, распоредуваме па ставаме чоколаден прелив кој го нанесуваме со лажица.
6. Ја ставаме втората Винчини кора во форма на срце. Врз неа го распоредуваме филот со бисквити, а врз него филот со чоколадните лушпи.
7. Во сад ја матиме слатката павлака и ја украсуваме тортата по желба и вкус.
Лесно и вкусно! На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани