Кроасани со павлака во тестото
Растопете го квасецот во малку млеко (млако), додадете малку шеќер и брашно и оставете да надојде.
Во еден длабок сад просејте го брашното, додадете го шеќерот, солта, павлаката, зејтинот и жолчките. Откако квасецот ќе стаса, додадете го и него во брашното и со постепено додавање на млеко замесете меко и мазно тесто кое нема да се лепи за рацете.
Поделете го веднаш тестото на пет дела. Од секој дел се сука округла кора голема колку тањирче за торта. Првата кора премачкајте ја убаво со маргарин (40 гр.). Врз неа ставете ја другата кора и неа премачкајте ја со маргарин. Повторете ја постапката со сите кори.
Ги редите една врз друга и ги премачкувате со маргарин, се до последната (неа не ја мачкате со маргарин). Веднаш расукајте кора дебела околу 5мм. Кората ќе биде голема, затоа препорачливо е да работите на поголема маса. Сечете ја кората како за кифли, за поголеми кроасани на 8 дела, за помали на 12 или 16 дела.
Плехот подмачкајте го со мрагарин и во него редете ги кроасаните. Оставете ги така околу 1 1/2 убаво да стасаат и омекнат, па потоа премачкајте ги со јајце. Се печат на 180° додека не поруменат.
Јас кроасаните ги правам празни. Кај мене некој ги сака со мармалад, некој со сирење, некој со крем....Вие може по желба да ги полните, тоа останува на вас.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
реклама!
браво :)