Крофни со компир во тестото - слатки и солени (Народен кувар 1976)
Крофни се спремав да направам 1.500 години. Да де, дека Хајлендер сум =))
Го најдов рецептот во стар кувар од 1976 и се ставив во погон. Вредеше!
Не да вредеше... не ми се веруваше што направив. Лепотиња! =))
Компирите излупете ги, исецкајте ги на мали кругчиња и сварете ги. Не се секирајте ако ги преварите, ионака треба да се испасираат како пире.
Исцедете ги од водата и испасирајте ги убаво.
Квасецот ставете го во чаша и само прелијте го со млако млеко. Не треба да е чашата полна, само колку да се раствори квасецот. Не мора да чекате да се активира (запени)
Во сад сипете го брашното, солта, жолчките, растопениот путер, растворениот квасец и убаво промешајте. Додадете го испасираниот компир и измесете тесто. Ако тестото е суво, додадете неколку лажици кисело млеко.
Нема потреба од вода или други течности, компирите ја даваат влагата во тестото.
Тестото не мора да стасува. Рассукајте го тестото во дебелина од окулу 5мм и со голема чаша вадете кругови. Доколку е потребно посипувајте брашно при расукувањето.
На средината на кругот со мало лажиче ставете од филот со кој што сакате да ги полните. Нема потреба од повеќе од едно лажиче за да не се излева по краевите.
Преклопете го кругчето со фил, со друго кругче и притиснете со помала чаша за да се спојат убаво караевите, да нема од каде да истече филот. (дополнителни фотографии)
Вишокот од пресекот тргнете го на страна, ќе го премесите во следното рассукување.
Редете ги крофните на набрашнета површина да стасуваат, додека работите со остатокот од тестото. Површината на која ќе стојат важно е да е набрашнета бидејки кога нараснуваат може да се залепат и да се скинат при подигнување.
Тестото е многу меко и многу брзо стасува. Додека пржите едни крофни, другите веќе стасале, додека сукате, тестото стасало, така да, неколку пати ќе стаса тестото додека да стигне за пржење. Феноменлано тесто е.
Пржете ги во загреано масло. Кога ќе ја спуштите крофната во маслото, со лажица прелевајте го горниот дел од крофната, побрзо да се испржи.
Пржете во загреано, но не врело масло, да не чади кога ќе се пржи. На нашиот шпорет јачината беше 5 од 6. Пржете да заруменат убаво од двете страна и кога ќе тупкате по нив со лажицата да дава тап звук и да се цврсти.
Редете ги на салфетка да се впие вишокот маснотија.
Иако се пржат, не впиваат многу масло. Не впиваат бидејки и самите се масни од путерот, а и треба да внимавате да не пржите во млако масло, тогаш крофните ќе впиваат повеќе масло.
Совршени се и следниот ден.
Од оваа количина излегуваат окулу 16 крофни. Чашите со кои ги правев ги има на дополнителните фотографии.
Солен фил
Штавељот, блитвата или што и да одберете, убаво измијте го, исецкајте го и пропржете го да омекне. Додадете ја урдата и пржете ги заедно додека да испари вишокот вода. Пожелно е филот да не е течен за да не го раскваси тестото и да се распаднат крофните.
На крајот додадете сол и лук по вкус. Обавезно лук. Шмекот е феноменален.
Јас користев интегрално пченично брашно, затоа тестото е потемно. Со бело брашно ќе биде посветло тестото.
Нормално дека правев дупла доза, какво е тоа прашање =))
На сликата со крофните како стасуваат на крпата во десниот дел има Младунчеви крофни, мали стуткани. Сукаше и тоа медено, па си ги редеше да стасуваат <3
Мораше да ја сликнам како работи, да знаат тетките и бабите од МоиРецепти дека ќе им обелем образ=))
Лиценца: Сите права се задржани
да не беше срамота, сама ќе си ги ставев во омилени :) :) :) :)
дијана, фала <3
си порасна младунче со вас, прво јадеше, после крадеше, сега и само спрема :) :) :) :)
таце и со обично бечо брашно ќе бидат супер :)
Поздрав
http://moirecepti.mk/post/%D1%9F%D0%B5%D0%BC-%D0%BE%D0%B4-%D0%BF%D1%80%D0%B0%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B0-%D0%B8-%D0%B2%D0%B8%D1%82%D0%B0%D0%BC%D0%B8%D0%BD-%D1%86 :)
лесен и брз ;)
ее, мис битола, тие се ;)
и тебе ли ти се од народен кувар? :) и зошто промената во состојките? има ли разлика? :)
сум ги заборавила твоите :(
фала теофанија :*
мис битола, ќе го сликнам оргиналниот рецпет деновииве и ќе го ставам да го видиш :)