Коцки со јагоди
Да напоменам дека многу малку се разликува од капри тортата, нешто по мој избор инаку ова е мој втор обид оваа сезона, па додека има јагоди изборот падна пак на нив некому можеби ќе му се допадне.
Се бијат белките со шеќер па се додава се останато, само со мешање без миксер, се печи во плехче 40-30 над хартија.
За првиот фил прво се сечат јагодите на парчиња се вари крем-пудинг од смесата со пудинзи, шеќер и сок, најпосле се додава желатинот и јаготките сосема на крај кога се извади од оган кремот, жешко се излива на ладниот кекс, се остава во фрижидер да се зацврсни.
За фил 2 се бијат жолчките со миксер и шеќерот, се додава млеко и густин и цела оваа смеса се додава на врелото млеко над оган кое само што не проварило, се вари мешајќи нон стоп се до потребната густина за крем, се лади се ренда чоколадо по избор ладно се спојува со настрана биен 1 маргарин се нанесува над слојот со јагоди, најгоре топено чоколадо т.е. 2 истопив бело и црно, топејќи ги со по 2 лајци масло, се сечи на коцки.
На дел од коцките може да го искршите чоколадото (стопено претходно и помешано бело со црно така да образува шари) и да се употреби како декорација...за крај уживајте ги
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови