Компир пита со шунка и моцарела
Компирите излупете ги и сварете ги.
Испасирајте ги и оставете да се подоладат.
Потоа додајте ги јајцето,пармезанот, брашното и солта.
Измешајте убаво да се соединат сите состојки.
Во округла тава(бр.24) ставете хартија за печење и попрскајте ја малку со масло.
Нанесете половина од смесата, одозгора ставете 4 парчиња шунка, моцарела исечена на кругови и останатите 4 парчиња шунка.
Одозгора нанесете ја другата половина од компир смесата.
Покријте со капак и оставете да се пржи на најтивок оган.
Откако ќе се испржи од едната страна, ставете хартија за печење одозгора и со помошна капакот превртете и вратете во тавата да се испржи и од другата страна.
Откако компир питата ќе биде испржена од двете страни, додека е топла премачкајте ја со малку путер и послужете.
Лиценца: Сите права се задржани