Интересни ролнички, ги видов на еден сајт за готвење и веднаш ги засукав ракавите.Тесто меко како душа, а филот мммм...

Од сите состојки се замесува тесто кое треба да е малку помеко и се остава да стаса. Во меѓувреме си го правите филот, моцарелата и шунката се сецкаат, кашкавалот се ренда на ситната страна од рендето. Се ставаат во длабок сад и им се додава белката, па се мешаат убаво да се соединат. Откога ќе стаса тестото се дели на 2 дела, се зема едниот дела се расукува во кора(ако ви лепи тестото на масата набрашнете ја).
На едната страна се става половина од филот, се поклопува колку да се скрие филот и на остатокот од кората се ренда 50 гр маргарин. Се мота ролат и со остар нож се сечат ролнички. Истата постапка се повторува со вториот дел од тестото, јас си направив ружички наместо ролничките (да биде различно). Ролничките се редат во плех и се покриваат со крпа да одморат уште 20 минути, па се премачкуваат со жолчка разматена со млеко и се посипуваат со сусам. На секоја ролничка се става по малку маргарин. Се печат на 200 ц околу 25 мин

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани