Колач со гриз и јаболко
1. Подготовка на гризот
Млекото ставете го во погоден сад за варење, во него ставете го млекот, путерот, солта, 1/2 од шеќерот(150 гр.), ванила шеќерот и сокот од лимон, да се промеша и млекото да зоврие.
Кога ке дојде до точка на вриење, во млекото постепено додавајте го гризот со стално мешање и откако ќе го ставете гризот варете околу 2 минути и веднаш тргнете го на страна да се поодлади.(варењето да се врши на умерена топлина).
2. Подготовка на јајцата
- Додека се лади гризот, одвојте ги жолчките од белките.
- Белките со 1/2 од останатиот шеќер да се измиксат во тврд снег
- Жолчките со останатиот шеќер да се измиксат пенасто
- Изматените белки и жолчки, да се спојат и малку лесно со лажица да се измешат,
3. Соединување на подготвеното
- Релната да се вклучи на 190-200 степени,
- Откако гризот се поодлади (да е топол), јаболкото се лупи и крупно ренда во садот со гризот, се додава лимонот, циметот и добро се меша со лажица, потоа се додава смесата од жолчките и белките, брашното измешано со пецивото и со лажица се меша да се смесата изедначи.
4. Печење
- Подготвената смеса, сипете ја во подмачкано и побрашнето тавче бр.30 (или сад по ваша желба што одговара на смесата) порамнете ја површината и ставете ја да се пече во загреана релна од 190- 200 степени и печете околу 40-45 минути и на површината да се добие златно- жолта боја.
-Откако ќе се испече, поодладете го и исечете го по желба и при поделба може да поросете со шеќер во прав.
Еве како да го потрошете заостанатиот гриз и јаболки, а добивате вкусен колач.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови