Колач со јаболко во тегла
Случајно наидов на овој рецепт и многу ми се допадна,јас малку си го изменiв и сега си го подготвувам вака,навистина е вкусен и баш ми беше интересно затоа што се пече во тегла иако лилијана веќе не изненади со колач во тегла мислам дека и овај исто така ќе ви се допадне
1. Сувото грозје го натопуваме во рум и оставаме да отстои окулу половина час
2. Јаболката ги лупиме,чистиме од семки и ги сецкаме на коцки
3. Во тенџере на оган ставаме 2 лажици шеќер да се карамелизира и ги додаваме сецканите јаболка и циметот,вариме на тивок оган неколку минути и потоа оставаме убаво да се излади
4. Маргаринот и шеќерот во прав пенасто ги матиме и потоа им ги додаваме јајцата едно по едно притоа мешајќи за да убаво се соединат. Потоа постепено ги додаваме ванилата,брашното,пецивото и оладените јаболка,бадемот и сувото грозје полека мешајќи се додека не се соединат
5.Теглите убаво се премачкуваат со маргарин и се полнат со 3/4 од смесата и се ставаат во веќе загреана рерна на 160 степени да се печат окулу 30-35 минути (проверете со чепкалка дали е готово).
Ова е целосна доза и од неа излегуваат окулу 8 мали тегли,а може и повеќе (вие ќе си процените во зависност од големината на теглите и колку ќе ги полните)
Значи теглите неможат да пукнат при печењето како што напомена и лилијана и пред се треба да се рамни - да не се стеснуваат према отворот за да може полесно да излезе колачот
Јас досега сум го правела само со половина доза (4 мали тегли )и е сосема доволно за нас...а во тестото понекогаш додавам и 2 лажици брусница со 2 суво грозје и сите состојки (бадемот, сувото грозје, брусницата ) ги миксам во блендер за да не мора да ги сецкам хехе
Лиценца: Сите права се задржани