Изматете ги јајцата со брашното, какаото, прашокот за пециво и сода бикарбоната. На страна изматете го омекнатиот путер, додадете го шеќерот и екстрактот од ванила и матете додека не се соедини. Додадтете ги во јајцата со брашното и истурете го млекото, матете додека не се добие убава хомогена маса, ако е премногу густа додадете уште малку млеко.
Вака подготвената смеса сипете ја во корпички за мафинси и ставете ги да се печат на 200 степени околу 20-25 минути. За тоа време смоквите оставете ги да омекнат малку во млака вода. Потоа одстранете ги рачките и нежно исдлабете ги со прст. Сомелете ги бисквитите и измешајте ги со нутела. Издлабените смокви наполнете ги со вака подготвениот фил и во средина ставете цел лешник. Остатокот од лешниците исецкајте ги. Наполнетите смокви обвиткајте ги со остатокот од филот и извалкајте ги во исецканите лешници.
Испечените колачиња оставете ги малку да се оладат и полека со нож издлабете ја плитко внатрешноста. Вака издлабените колачиња наполнете ги со една лажица нутела и врз тоа ставете ги и притиснете ги топчињата од чоколадните смокви. Вака подготвените колачиња оставете ги малку да се оладат во фрижидер, а потоа поделете ги на пола. Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови