![Кокос коцки](https://moirecepti.mk/content/uploads/2021/03/161329808_492698461890819_6576972191659670972_n-8116f2-800x789.jpg)
Кокос коцки
1. Се матат јајцата со 15 лажици шеќер, 12 лажици масло, 12 лажици брашно, 1 прашoк за печиво и 3 лажици какао. Се става во плех и се пече 30 мин. на 180степени. Откако пандишпанот ќе се испече се сече на пола.
2. За фил- Се вари млекото со густинот и со 15 лажици шеќер, а кога целосно ќе се излади се додава изматен путер.
3. Едната половина се филува и врз филот се става втората половина од тесто.
Колачот го сечеме на коцки кои се валкаат во кокос, а одозгора се става растопено чоколадо.
На здравје!!!
Лиценца: Сите права се задржани