Овие се омилените Кокоски од ќерка ми Еми. Секогаш кога ќе оди кај баба и вели дали има од Кокоските?
  Се прави пандиспањата. Се матат јајцата со шеќерот се додава маслото млекото и брашното измешано со пецивото. Се печи во долго длабоко плехче 20х30см на 180С/25мин. Се лади и се сечи на коцки.
Глазура
-Во млекото се меша шеќерот додека да се стопи. Се додава какаото и маргаринот и заедно се меша да се добие еднолична течна смеса.
Се земаа коцките и се макнуваат во чоколадната смеса и се увалкуваат во кокос.
Е овие кокоски ги направивме заедно со Еми.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани