Коцки со кокос и портокал
За пандишпанот
Се матам белките во цврст снег. Во нив се додава шеќерот и се мати додека да се стопи. Се додава брашното и кокосот и убаво се промешува со лажица додека се убаво да се соедини.
Се пече во правоаголно тавче бр. 40 на 180 степени додека да зарумени.
Одкако малку ќе се олади се вади од тавчето и му се остранува хартијата и повторно се става во него.
Првиот фил
Се става водата на оган, а претходно се вади малку од неа за да се разреди смесата со жолчките и густинот. Во водата се додава шеќерот. Посебно се мешаат жолчките и густинот со водата и тие се додаваат во зовриената вода, се меша додека убаво да се згусне. Се додава во филот и маргаринот и убаво се промешува додека да се стопи.
Вториот фил
Сокот од портокал се добива од 5 големи портокали. Се става сокот од портокал во сад на оган со шеќерот. Одделно се меша густинот со малку сок од портокал, а доколку не ви излезе 500 мл сок може густинот да се разреди со малку вода. Густинот се става во зовриениот сок и се меша до згуснување. Се трга од оган и се додава маргаринот, се меша додека да се растопи.
Врз пандишпанот се става првиот фил и убаво се измазнува, па врз него се става и вториот фил, и убаво се израмнува.
Одозгора се поросува со кокос.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови