Коцкиве се за оние кои овие сончеви денови сакаат да ги поминат надвор, а не покрај шпорет. Нивното подготвување е брзо и едноставно, а за многу кратко време добивате вкусен десерт.

Подготовка
На почеток ги оделуваме жолчките од белките и ги ставаме во два различни пластични здели.
Жолчките ги матиме заедно со шеќерот во густа пена. Во нив ги додаваме брашното, какаото и прашокот за пециво. Мешаме со шпатула смесата убаво да се изедначи. Млекото и зејтинот ги додаваме и повторно мешаме и на крај ги сипуваме белките и целата смеса убаво повторно ја соединуваме.
Смесата ја сипуваме во не подмачкана мала ростер тава и печеме на 180 степени петнаесетина минути, потоа намалуваме на 150 уште петнаесет минути.
Прелив
Во касерола го ставаме млекото и шеќерот да зоврие. Откако ќе зоврие тргаме на страна и ги ставаме трите лажици рум. Со овој прелив ја попаруваме изладената кора.

Ганаш
Слатката павлака ја загреваме на тивок огин. Во нејзе ги додаваме трите чоколади и полека мешаме да се стопат. Половина портокал цедиме и сокот го сипуваме во филот. Со овој фил ја преливаме кората и ја оставаме во фрижидер добро да се стегне.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани