21
ное
2014
Кокос коцки со бело чоколадо и мармалад
Чоколадото и маслото растопете ги на пареа.
Белките со прстофат сол изматете ги во цврст снег.
Во сад измешајте ги кокосот и растопеното чоколадо, а потоа додајте ги изматените белки.
Убаво измешајте за да се соедини смесата.
Во правоаголен силиконски калап нанесете половина од смесата.
Одозгора нанесете го мармаладот и покријте со останатата половина од смесата.
Израмнете убаво и оставете во фрижидер да отстои неколку часа.
Откако убаво ќе се стегне исечете на коцки и послужете.
Лиценца: Сите права се задржани