Видео рецепт: Посен колач со кокос и мармалад
Денес ќе готвиме заедно со Даниела Џогова, готвач член на нашата веб-страница. Даниела ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Посен колач со кокос и мармалад.
Сочен колач со кокос, какао и мармалад. Ова е вкусен колач, идеален за периодот на пост, а подготовката е многу едноставна дури и за готвачите почетници.
Состојки
- 300 мл. газирана вода
- 120 мл. масло
- 1 прашок за печиво
- 100 грама кокос
- 240 грама шеќер
- 240 грама брашно
- 2 лажици какао
- Ќе ви треба и мармалад за премачкување
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Калап за Куглоф.
Подготовка
Чекор 1: Измешајте ги шеќерот, водата, маслото, брашното и печивото додека се добие еднолична смеса. На крај додајте го и кокосот и смесата поделете ја на два еднакви дела во одделни садови.
Чекор 2: Едниот дел ќе остане бел, а во другиот додадете 2 лажици какао и добро промешајте. Овој дел истурете го прв во Калапот за Куглоф, и печете на 200 степени 15 минути, или додека не фати кора од горната страна.
Чекор 3: Откако се испекол првиот дел, премачкајте го со неколку лажици мармалад по желба и потоа истурете го и белиот дел од смесата, па вратете го во рерна. Печете го уште 15-20 минути, или додека чепкалката не излезе чиста од колачот.
Чекор 4: Сервирајте парче во чинија и декорирајте го со парче свежо овошје.
СОВЕТ: Овој рецепт ќе ја задоволи вашата желба за благо во периодот на пости, или пак во летниот период, кога бараме полесни состојки. Ние го подготвивме во калап за Куглоф, но може да го подготвите во тава со било каков облик.
FALA SVETULKA:)
http://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D0%BE%D1%81%D0%BD%D0%B0-%D1%82%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D0%BA%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D1%81/
Ubavo izgleda:)