28
авг
2019
Посен кекс со мармалад и овошен газиран сок
Во еден сад ги соединуваме сите суви состојки, односно брашното, пецивото, солта,
лешникот, содата, какаото, шеќерот.
Промешуваме и додаваме масло, мармалад и газиран сок.
Соединуваме со жица или со миксер, кратко, колку да се изедначи смесата.
Долгнавест калап го обложуваме со хартија за печење.
Ја истураме подготвената смеса и посипуваме крокант.
Печиме околу 30 минути во загреана релна.
Проверуваме со чепкалка дали колачот е печен.
Оставаме на кујнска решетка убаво да се излади, па сечеме на парчиња и послужуваме.