Испечати

Посен кекс со мармалад и овошен газиран сок

Посен кекс со мармалад и овошен газиран сок

Состојки

  • 200 мл газиран фанта сок
  • 80 гр кафен шеќер
  • 40 мл масло
  • 160 гр брашно
  • 40 гр мелен лешник
  • 1 лажиче какао, квалитетно
  • 1 пециво
  • 1/4 лажиче сода бикарбона за посипување
  • 2 лажици крокант од лешник
  • 1 лажица мармалад од кајсии
  • некое зрно сол

Подготовка

Во еден сад ги соединуваме сите суви состојки, односно брашното, пецивото, солта,
лешникот, содата, какаото, шеќерот.
Промешуваме и додаваме масло, мармалад и газиран сок.
Соединуваме со жица или со миксер, кратко, колку да се изедначи смесата.
Долгнавест калап го обложуваме со хартија за печење.
Ја истураме подготвената смеса и посипуваме крокант.
Печиме околу 30 минути во загреана релна.
Проверуваме со чепкалка дали колачот е печен.
Оставаме на кујнска решетка убаво да се излади, па сечеме на парчиња и послужуваме.