30
сеп
2014
Кокос колачи
Квасецот и млекото се мешаат убаво и се остава 10 минути да стои. Брашното, гризот, јајцето, млекото, квасецот, кокосот и пецивото се месат убаво. Тестото се дели на два дела во едниот дел се додава какакото и циметот и се сука кора со дебелина од 1 цм и се вадат форми со калапче. Се редат на намрсена тава и се печат додека заруменат. Шеќерот и водата се варат додека шеќерот се растопи и откога ќе се тргне од оган се додава сокот од портокалот. Печените колачи се ставаат во шербетот до 5 минути од двете страни и се наросуваат со кокос.
Чашата за мерка е од 200 мл
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови