Прелистувајки го „ Сладок готвач„ во издание на Просветена жена, го најдов и овој рецепт и го испробав. Во длабок сад ги матиме само белките од јајцата, во цврст снег и внимателно се меша шеќерот со кокосовото брашно. Тестото не смее да е премногу меко.
Во дозата е запишано 150 грама кокос ( со можност да се додаде по потреба, јас ставив 170 грама). Плекчето го премачкувате со маргаринот. Од тестото вадите со лажица колачи во вид на јајце, ги оформувате со раце и ставете ги да се печат во загреана рерна на 100 степени околу 15 минути.
Правиме глазура од растопено чоколадо.Секој колач кога ќе истине спуштете го до половина во растопеното чоколадо. Колачите се брзи и лесни за правење, а пред се вкусни. Повелете заблажете се.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани