Кокос бомбици (посни, без масло)
1. Урмите исецкајте ги и заедно со медот и водата ставете ги во блендер и кратко бледирајте да се добие погуста смеса. Тоа ви е водениот дел за сврзување.
2. Ставете ја смесата во сад, додадете ја ванилата, мелениот кокос, кокосот и овесните снегулки и убаво измесете да се добие смеса од која може да формирате бомбици. Доколку има потреба може да додадете уште малку вода.
3. Земајте од смесата, расплескајте на рака, ставете цел лешник и формирајте бомбици. Извалкајте ги во кокос.
Добар апетит =)
*Кокосот и овесните снегулки ги мелам во машинче за мелење кафе. Во зависност колку е крупен кокосот може и да нема потреба да мелете. Бомбиците не се многу благи, таман се (така да кажам), ако сакате поблаго може да додадете повеќе мед или плус урми. Место мед може да користите друг засладувач.
Лиценца: Сите права се задржани
Таце може место медот да се стави јаворов сируп или некој друг природен засладувач, или па повеќе урми и слободно може и дијабетичари да се послужат. Особено заради тоа што имаат и овесни снегулки кои помагаат во регулирање на шеќерот во крвта.