Компир на 101 начин.
За време на пост особено ако се пости без масло сме доста ограничени околу она што можеме да го подготвиме, па мора да се импровизира. Еве еден лесен импровизиран рецепт. Заради тоа што прв пат подготвував на овој начин количините се мали, но секако може да ги зголемите, да смените или додате нешто по ваша желба.
1. Компирите исечени на половина и морковите се ставаат во тенџере на оган да се варат (да бидат доволно сварени за да може да се рендаат, околу 20мин).
2. Ги оставате малку да се изладат, а потоа ги рендате на крупната страна од рендето.
3. Младото кромидче и шампињоните се сецкаат ситно и се додаваат во садот со компирите. Додавате сол, бибер или зачини по вкус и убаво промешувате за да се добие компактна смеса.
4. Од смесата правите форми по желба, во мојот случај имаат округла форма, ги валкате убаво во презлата и ги ставате на плехче. Од наведените состојки мене ми излегоа 10 крокети (на сликата подолу).
5. Се ставаат во загреана рерна на 220С и се печат се додека презлата не добие убава боја.
6. И спремни сме за служење. Можете да ги послужите како додаток кон нешто или да ги јадете со свежа салата.

Добар апетит.

Забелешка
Не се распаѓаат воопшто иако немааат масло и не се лепат на плехчето.Доколку постите со масло можете да додадете кон смесата и место да ги печете може да ги испржите во длабоко масло или фритеза.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани