Испечати

Кокос бомбици (посни, без масло)

Кокос бомбици (посни, без масло)

Состојки

  • 5 свежи урми
  • 1 лажица мед
  • 6-7 лажици вода
  • 100гр. мелени овесни снегулки
  • 50гр. ситно мелен кокос
  • 50гр. обичен кокос
  • по потреба цели лешници
  • 1 лажица ванила
  • за валкање кокос

Подготовка

1.  Урмите исецкајте ги и заедно со медот и водата ставете ги во блендер и кратко бледирајте да се добие погуста смеса. Тоа ви е водениот дел за сврзување.
2. Ставете ја смесата во сад, додадете ја ванилата, мелениот кокос, кокосот и овесните снегулки и убаво измесете да се добие смеса од која може да формирате бомбици. Доколку има потреба може да додадете уште малку вода.
3. Земајте од смесата, расплескајте на рака, ставете цел лешник и формирајте бомбици. Извалкајте ги во кокос.

Добар апетит =)

*Кокосот и овесните снегулки ги мелам во машинче за мелење кафе. Во зависност колку е крупен кокосот може и да нема потреба да мелете. Бомбиците не се многу благи, таман се (така да кажам), ако сакате поблаго може да додадете повеќе мед или плус урми. Место мед може да користите друг засладувач.