Во длабок ги ставаме јајцата шеќерот, сол, медот, маслото, ванилата, квасецот и додаваме млако млеко. Смесата ја соединуваме и постепено додаваме брашно. Месиме средно тесто. Тестото го оставаме да стаса околу 1 до 2 часа.
Кога е стасано го делиме на 10 топчиња, 9те топчиња малку ги развлекуваме и премачкуваме со маргаринот кој треба претходно да одстои на собна температура, освен едно топче кое само го развлекуваме.
Ги редиме едно врз друго така да немачканототопче дојде најгоре. На намрсена работна маса развлекуваме округла кора од која вариме 12 делови или повеќе зависи колку сакате да се големи кифлите. На секој дел ставаме пекмез или крем и оформуваме кифли. Кифлите ги редиме на хартија за печење. Ги оставаме да појдат потоа ги печеме на 200 сепени. Од ова тесто можете да правите и кифли без постапката со маргарин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови