Карамел торта
Подготовка на корите.
Ги матиме белките со шеќерот во цврст снег потоа со лажица ги додаваме мелените ореви и брашното. Печеме на 220 степени.
Подготовка на крем.
Од млекото оставаме еден мал дел во кој го раствараме пудингот, а во остатокот ставаме 10 лаж шеќер да зоврие, го сипуваме пудингот и вариме цврст крем кој го тргаме да се олади. Жолчките ги матиме со 10 лаж шеќер и ги вариме на пареа, потоа ги оставаме да се оладат.
Маргаринот го матиме со прав шеќерот постепено го додаваме кремот со пудинг, а потоа и кремот со жолчките на пареа. Овој крем го делиме на два дела и во едниот додаваме 2 растопени чоколади.
Подготовка на преливот за корите.
Карамелите ги растопуваме со млекото на оган и кога ќе зовријат вариме 10 мин да се згусти. Додека е топол ги преливаме трите кори и се остават да се изладат.
Редење кора, жолт крем, слатка павлака, кора, црн крем, слатка павлака декорирајте по желба.
Јас тука по жолтиот крем ја заборавив слатката павлака, па затоа ја икористив и за декорација.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Mozebi ke probam po tvojov recept zatoa sto izgleda dosta kremasto i vkusno pozzz.
Da se razbereme nisto licno protiv receptot samo go kazuvam moeto iskustvo so slicen recept pozzzz