Чоко - карамел торта
Подготовка на кора.
Белките ги матиме со миксер постепено го додаваме шеќерот. Матиме во цврст снег, потоа ги додаваме лешниците брашното какаото и пециво мешаме со лажица. Печеме во тавче бр 26. на 200 степени.
Подготовка на крем 1.
Во мал дел од млекото ги ставаме жолчките пудикот и матиме да се изедначи смесата. Во поголемиот дел од млекото ги топиме карамелите и го додаваме пудингот. Вариме густ крем и оставаме да олади. Оладен го соединуваме со маргарин претходно изметен со прав шеќер.
Подготовка на крем 2.
Слатката павлака ја загреваме до вриење и ја растопуваме чоколадата. Мешаме додека да се стопи па тргаме на страна да се олади постепено промешувајки со лажица додека кремот да биде густ, но не премногу за да може да се размачкува. Филуваме кора, чоколаден крем карамел крем така до крај декорација по желба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Многу убава торта Миленче, ама не си фер што си ни го скратила уживањето да ја видиме како мајсторски цела си ја украсила ;)