Карамела торта
10 белки се матат во цврст снег па им се додаваат 125гр шеќер и се мати додека смесата стане цврста.
5 жолчки се матат со 125 гр шеќер додека се згусне смесата и се додаваат кон белките. Со лажица внимателно се изедначува смесата, а потоа се додаваат лешниците,мелните бисквити, брашното и пецивото. Смесата се меша и се дели на 2-3 дела во зависност од големината на плехот. Се печат кори во плех на хартија околу 15 минути на 170 степени.
фил 1
Карамелите се сецкаат и се ставаат со млекото да вријат додека се растопат.
фил 2
Млекото се става да зоврие заедно со шеќерот. Кон зовриеното млеко се додава 1 фил и од како ќе зоврие целата смеса се додаваат жолчките изматени со пудингот и брашното. Се вари густ фил кој се остава да се олади. Кон оладениот фил се додава маргаринот пенасто изматен со шеќерот во прав. Се добива прекрасен мазен фил со многу убав вкус.
Се филуваат корите со подебел слој од филот а декорацијата по желба или по потреба. Кај мене тоа беше торта за една кукличка-ЕВА и изборот за декорацијата беше нејзин.
Лиценца: Сите права се задржани