Карамела торта
кори
Во длабок сад со миксер се матат јајцата и шеќерот. Откако ќе се изматат се додаваат оревите, брашното,ванилата и пецивото. Се истура во четвртаст плех обложен со хартија и се пече. Се прави уште една исто таква кора. Од овие две кори се прават три. Тоа значи дека од двете кори се сече по 1/3 со што се добива третата кора која јас секогаш ја ставам во средина на тортата.
фил
Во длабок сад се ставаат карамелите и 16 лаж. млеко и се загреваат на оган. постојано се мешаат додека се растопат. садот се трга на страна да се излади.
Во друг сад се става 450мл млеко и 10 лаж. шеќер. садот се става на оган да се загрева, а во преостанатото млеко ги промешуваме двата пудинга и откако млекото ќе зоврие го истураме пудингот со постојано мешање. Откако пудингот ја добие потребната густина го тргаме на страна и го оставаме да се излади.
Маргаринот пенесто го матиме и во него го додаваме изладениот карамел и пудингот и мешаме се додека не добиеме хомогена смеса.
Со овој фил ја филуваме целата торта, а ја украсуваме со шлаг пена.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Se nadevam deka nema da se povtoruva ovaa greska....
Ти благодариме на укажаниот пропуст, меѓутоа ова не е рецепт на денот. Поради технички проблеми понекогаш се случува друг рецепт да се појави во полето Рецепт на денот, но тоа не е бидејки ние сме го поставиле. Како што рековме, мал технички проблем на чие што отстранување работиме :)
Како што сигурно имаш забележано, на секој рецепт кој е избран за рецепт на денот, коментираме и го известуваме готвачот дека неговиот рецепт е избран за рецепт на денот. Ако го нема тоа известување, рецептот не е избран за рецепт на денот :)