Карамела торта
Подготовка на пандишпаните
1. Белките со шеќерот се матат пенасто
2. Во нив се додаваат оревите, брашното, печивото и презлата и се меша со дрвена лажица
3. Се пече врз хартија за печење во тавче од рерната на 180 С
Подготовка на карамела филот
1. Млекото се вари со растворените кесички пудинг
2. Се додаваат во врелиот пудинг карамелите да се растопат
3. Во него се додава чоколадото искршено на коцки за да се растопи
4. Се остава филот да се излади и потоа во него се додава претходно изматениот маргарин со шеќерот во прав и жолчките
Подготовка на филот од жолчки
1. Жолчките со шеќерот во прав се варат на пареа
2. Маргаринот се мати настрана и се додава на изладените жолчки
Подготовка на шлаг кремот
1. Во ладното млеко се истура прашокот за шлаг крем и се мати
ФИЛУВАЊЕ
1. Пандишпан, карамела фил, фил од жолчки, па шлаг крем...и оваа постапка 3 пати се повторува...се завршува со шлаг крем најгоре
Лиценца: Сите права се задржани