Карамела торта
Состојки
- За пандишпан (се печат 3 вакви пандишпани)
- 5 белки
- 12 лажици шеќер
- 12 лажици презла
- 1 лажица брашно
- 1/3 пакетче прашок за печиво
- 150 гр ореви сечкани
- ЗА КАРАМЕЛА ФИЛ
- 500 мл млеко
- 2 пудинга од карамела
- 200 гр чоколадо
- 150 гр карамели
- 250 гр маргарин
- 5 жолчки
- ЗА ФИЛОТ ОД ЖОЛЧКИ
- 250 гр шеќер во прав
- 10 жолчки
- 250 гр маргарин
- ЗА ШЛАГ КРЕМОТ
- 250мл млеко ладно
- 1 пакетчиња шлаг крем од ванила
Подготовка
Подготовка на пандишпаните
1. Белките со шеќерот се матат пенасто
2. Во нив се додаваат оревите, брашното, печивото и презлата и се меша со дрвена лажица
3. Се пече врз хартија за печење во тавче од рерната на 180 С
Подготовка на карамела филот
1. Млекото се вари со растворените кесички пудинг
2. Се додаваат во врелиот пудинг карамелите да се растопат
3. Во него се додава чоколадото искршено на коцки за да се растопи
4. Се остава филот да се излади и потоа во него се додава претходно изматениот маргарин со шеќерот во прав и жолчките
Подготовка на филот од жолчки
1. Жолчките со шеќерот во прав се варат на пареа
2. Маргаринот се мати настрана и се додава на изладените жолчки
Подготовка на шлаг кремот
1. Во ладното млеко се истура прашокот за шлаг крем и се мати
ФИЛУВАЊЕ
1. Пандишпан, карамела фил, фил од жолчки, па шлаг крем...и оваа постапка 3 пати се повторува...се завршува со шлаг крем најгоре