Карамела торта
Состојки
- кора ( се прават 2 вакви кори)
- 9 јајца
- 9 лажици шеќер
- 7 лажици ореви мелени
- 3 лажици брашно
- 1 пециво
- 1 ванила
- фил
- 400гр карамели со лешници
- 16 лажици млеко
- 2 пудига од ванила
- 10 лажици шеќер
- 500мл млеко
- 250гр маргарин
- за украсување
- 3 шлаг пени
Подготовка
кори
Во длабок сад со миксер се матат јајцата и шеќерот. Откако ќе се изматат се додаваат оревите, брашното,ванилата и пецивото. Се истура во четвртаст плех обложен со хартија и се пече. Се прави уште една исто таква кора. Од овие две кори се прават три. Тоа значи дека од двете кори се сече по 1/3 со што се добива третата кора која јас секогаш ја ставам во средина на тортата.
фил
Во длабок сад се ставаат карамелите и 16 лаж. млеко и се загреваат на оган. постојано се мешаат додека се растопат. садот се трга на страна да се излади.
Во друг сад се става 450мл млеко и 10 лаж. шеќер. садот се става на оган да се загрева, а во преостанатото млеко ги промешуваме двата пудинга и откако млекото ќе зоврие го истураме пудингот со постојано мешање. Откако пудингот ја добие потребната густина го тргаме на страна и го оставаме да се излади.
Маргаринот пенесто го матиме и во него го додаваме изладениот карамел и пудингот и мешаме се додека не добиеме хомогена смеса.
Со овој фил ја филуваме целата торта, а ја украсуваме со шлаг пена.