Ежиња со кокос
1. Во длабок сад го ставаме маргаринот исечен на парчиња кој претходно бил на собна температура . Го додаваме прав шеќерот и жолчката, месиме да се соедини и постепено го додаваме брашното . Местиме додека да го потрошиме брашното и да добиеме мазно тесто.
2. Кинеме од тестото парченца со големина колку орев формираме круг и го расплескуваме на дланка на рака, ставаме малку од сецканото чоколадо и ореви и пак формираме круг кој потоа го обликуваме во форма на солза.
3. Вака подготвените колачиња ги редиме во плек обложен со хартија за печење. Ги печеме во претходна загреена рерна на 180 степени околу 15 минути, но внимаваме да останат бели да не потемнат.
4. Кога се готови поширокиот дел кој ке преставува заден дел на ежот го топиме во растопено чоколадо со масло, а потоа веднаш ги валкаме во кокос . На делот за лицето со чепкалка ги ставаме очите и носето со мали тачки.
5.А потоа можете да уживте со вашите дечиња или внучиња.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
честитки и од мене Милена.