Еврејска торта
Подготовка на пандишпанот
Белките се бијат со шеќерот додека се направи снег. Потоа се додаваат брашното, лешниците, пецивото и се мешаат со голема лажица да се изедначат.
Смесата се става во намачкан со путер и набрашнет плех, се рамни и се пече во заграна рерна на 180 степени околу 15 - 20 мин.
Подготовка на филот
Жолчките малку се бијат со 10 лажици шеќер и потоа се варат на пареа додека се згустат. Се оставаат да оладат.
Чоколадата се топи на пареа и се остава малку да подолади.
Путерот се бие со шеќерот во прав и се додават жолчките и чоколадата. Се бијат сите заедно убаво да се изедначат. Ако мислите дека филот е премногу мек пред да е филовате тортата ставете го малку во фрижидер да се стегне.
Печениот пандишпан се сече на три ленти и се филова со филот.
Одозгора и по страните украсете ја со изматена слатка павлака и украсни трошки.
Тортата се остава во фрижидер неколку сати да се стегне, потоа се служи.
Лиценца: Сите права се задржани
Ne mi tekna kaj receptot da napisam deka cokoladoto moze da se stavi i da se stopi vo zolckite ....otkako ke se zgustat zolckite se dodava cokoladata iskrsena na kocki i se mesa dodeka se stopi potoa se trga na strana da oladi....
jas go topev posebno i zato taka i go napisav vo receptot
mislam deka se razbravme :))
До колку ми дозволиш јас ќе се обратам до редакцијата, да не се изврши уплата на таа госпоѓа на нејзина сметка, бидејки сликата е украдена од тебе.
Многу пати и јас сум била засегната за истото и затоа оваа неправда ме боли
позззззззззззззззз
A ako sakas da im se obratis eve imas dozvola, bas me interesira kakov odgovor ce dobies... inace nemam vreme da senerviram za ovie raboti preokupirana sum so dr. povazni obvrski:))) pozzzz i pisi mi
Како и сегогаш со нетрпение го чекам ова мало слатко задоволство, списанието Торти и колачи и Испрати рецепт, кое стана моја неопходна навика, а верувам и на многу читатели ширум Македонија.
Ноооо...............
денес не сум засегната лично јас, но сакам уште еднаш да укажам на проблем кој се провлекува во скоро секој број.
имено денес под името АЛМИРА ФЕЈЗУЛА КАЛАЧ ОД БИТОЛА, објавена е торта која е објавена на страната на МОИРЕЦЕПТИ на ден 24,01,2014 од страна на Невена.
Зошто се крадат слики?
Зошто се објавуваат рецепти каде нема дополнителни фотографии
Зошто на сите нас кои наоќаме време во ова динамично живеење, ни се одзема желбата и љубовта која ја негуваме со години, да презентираме, да покажеме, колку сме ажурни во кујната, со цел да земеме и некој денар, кој ете така е како некоја лична симболична награда.
Уште еднаш ве молам објавувајте рецепти кои имаат минимум 2-3 помошни слики за подготовка
со почит
Pocituvana Katerina,
ti si edna od nasite prvi sorabotnicki i redovno isprakas recepti, pa sitgurno dobro gi zabelezuvas rabotite. Imas pravo da reagiras dokolku se povtoril ereceptot, a ne e vo red od citatelkite na ovoj nacin da go rasipuvaat i konceptot no i renometo na spisanieto, zasto navistina nastojuvame da rabotime najdobro vo vas interes.
Jas go pobarav ovoj recept vo naznaceniot broj od tebe za da gi sporedam fotografiite, no iskreno ne go najdov. Ne e tolku ni vazno, se slucilo veke, iako maksimalno gi proveruvame receptite, sepak ponekogas moze da se provlece nekoj vakov. Almira Fejzula odamna ispraka recepti i sekogas se so dobri fotografii, zatoa voopsto ne se posomnevav deka taa bi mozela da zeme slika od drug recept i da ja ispraka kako svoja.
Vo sekoj slucaj, blagodarime na ukazuvanjeto.
Srdecen pozdrav.
znaci otvorete MOIRECEPTI.MK i na den 24.01.2014 objavena e od strana na NEVENA GJ, koja zivee vo Italija i redoven clen na stranata na moirecepti
pozzzzzzzzzzzz
sakam sami da se uverite deka navistina e taka.
vo mojata glava ima mal milion slikicki, i ne samo sto gi pamtam moite objaveni, tuku i na site dr, clenki koi sme del od ovaa druzba
eve gi Nevence moite prepiski, pozzzz
Ve molam otvorete moirecepti vo poleto baraj so makedonska poddrska vnesete evrejska torta i sami ke se uverite vo toa sto go zboruvam
Vo prilog vi prakjam i link od ona sto vi go zboruvam
http://moirecepti.mk/post/%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%B5%D1%98%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D1%82%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%B0