Испечати

Еврејска торта

Еврејска торта

Состојки

  • Пандишпан
  • 10 белки
  • 10 лажици шеќер
  • 3 лажици брашно
  • 200 гр потпечени мелени лешници
  • 1(10гр) прашак за пециво
  • Фил
  • 10 жолчки
  • 10 лажици шеќер
  • 250 гр путер на собна температура
  • 100 гр шеќер во прав
  • 200 гр нестле бела чоколада
  • За украсување
  • 150 мл слатка павлака
  • по потреба украсни трошки

Подготовка

Подготовка на пандишпанот
Белките се бијат со шеќерот додека се направи снег. Потоа се додаваат брашното, лешниците, пецивото и се мешаат со голема лажица да се изедначат.
Смесата се става во намачкан со путер и набрашнет плех, се рамни и се пече во заграна рерна на 180 степени околу 15 - 20 мин.
Подготовка на филот
Жолчките малку се бијат со 10 лажици шеќер и потоа се варат на пареа додека се згустат. Се оставаат да оладат.
Чоколадата се топи на пареа и се остава малку да подолади.
Путерот се бие со шеќерот во прав и се додават жолчките и чоколадата. Се бијат сите заедно убаво да се изедначат. Ако мислите дека филот е премногу мек пред да е филовате тортата ставете го малку во фрижидер да се стегне.
Печениот пандишпан се сече на три ленти и се филова со филот.
Одозгора и по страните украсете ја со изматена слатка павлака и украсни трошки.
Тортата се остава во фрижидер неколку сати да се стегне, потоа се служи.