Дрво торта со нутела и лешници
Самиот изглед доволно кажува колку е убава оваа торта.Ја правев за Божиќ.
1. Прво се прави филот. На тивок оган се става павлаката до пред вриење, се додава чоколадото и се меша додека се стопи. Потоа се додава нутелата и на крај путерот. Се меша убаво до соединување и добивање на мазна смеса. Оставете малку да олади па додадете ги мелените лешници.
2. Веднаш се подготвува пандишпанот. Јајацата се матат со шеќерот и ванилата, се додава прстофат сол, просеаното какао и брашното со печивото. Во тава/плех од шпорет постелен со пекарска хартија тортата се пече 8 минути на 180 степени.
3. Кујнска крпа наросуваме со шеќер во прав и врз неа го ставаме пандишпанот, ја вадиме хартијата и го наросуваме со шеќер во прав. Така со крпата додека е топол пандишпанот го виткаме во ролат и го оставаме да се олади.
4.Ладниот пандишпан го филуваме, виткаме ролат и ролатот го мачкаме со фил. Оставаме да се олади барем два часа и го нанесуваме преливот од стопено чоколадо со путер и масло. Еден мал дел од ролатот сечеме и го ставаме до големиот дел, прелевеме со чоколадото и шараме со вилушка да се добие ефект на дрво. Нежно наросуваме со какао и шеќер во прав. Декорацијата секогаш е личен избор а кај мене беше со зелено гранче, ореви, шишарки...
На здравје и нема да зажалите доколку ја направите оваа прекрасна торта.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Вкусна торта
За многу години да биди :-)