Мала мус торта со лешници и нутела
Тортичката ја подготвив во калап со обрач бр 17. Ако се дуплираат состојките може да се подготви торта во калап бр 22- 24. Во вангличка ги ставаме јајцето и шеќерот. Матиме додека не побели смесата. Со исклучен миксер додаваме масло, млеко, брашно и пециво. Соединуваме. Смесата ја истураме во калапот и на површината ги нанесуваме грубо сецканите лешници. Печиме околу 10 минути во загреана рерна на 170-180 степени. Испеченото тесто го оставаме да се лади. Над пареа се соединуваат чоколадото и нутелата да се изедначат. Во сад го ставаме прашакот за чоколаден мус и додаваме ладно млеко. Матиме до посакувана густина, односно не многу густо. Тука се додаваат соединети изладени чоколадо и нутела. Со лажица убаво соединуваме и овој крем го нанесуваме врз тестото. На површината ставаме чоколадни трошки. Тортичката ја оставаме во фрижидер 1 час, па го одстрануваме обрачот, сечеме парчиња и послужуваме.
Овој рецепт е еден од оние кој беше изгубен,поради техничкиот проблем на странава и повторно вратен од редакцијата.
Но за жал ги нема многуте позитивни коментари и прочитаноста, кој ги собра рецептов.
Како и да е еве ќе доловам со слика, како оваа тортичка има нов изглед.
Одлична изведба од мојата внука Софија, лично за својот роденден
Печена е во калап со обрач бр 28 и состојките нормално се зголемени.
Среќен. Роденден нино уште еднаш и имаш 5 за твојата изведба