Тортичката ја подготвив во калап со обрач бр 17.
Ако се дуплираат состојките може да се подготви торта во калап бр 22- 24.

Во вангличка ги ставаме јајцето и шеќерот.
Матиме додека не побели смесата.
Со исклучен миксер додаваме масло, млеко, брашно и пециво.
Соединуваме.
Смесата ја истураме во калапот и на површината ги нанесуваме грубо сецканите лешници.
Печиме околу 10 минути во загреана рерна на 170-180 степени.
Испеченото тесто го оставаме да се лади.
Над пареа се соединуваат чоколадото и нутелата да се изедначат.
Во сад го ставаме прашакот за чоколаден мус и додаваме ладно млеко.
Матиме до посакувана густина, односно не многу густо.
Тука се додаваат соединети изладени чоколадо и нутела.
Со лажица убаво соединуваме и овој крем го нанесуваме врз тестото.
На површината ставаме чоколадни трошки.
Тортичката ја оставаме во фрижидер 1 час, па го одстрануваме обрачот, сечеме парчиња и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани