7
фев
2015
Кекси со лешници и нутела
Во сад се ставаат сите состојки освен брашното. Брашното постепено додавајте го и месите додека се добие средно тврдо нелепливо тесто. Потоа на набрашнета површина развлечите кора дебела околу 4-5 мм и со калапчиња вадите колачи пола цели а пола со отвор и редете ги во плех обложен со хартија.
Печете ги во претходно загреана рерна на 170-180 степени околу 10-12 мин благо да заруменат.
Оставете ги да оладат и потоа лепете ги со нутела по две колачиња.
Лиценца: Сите права се задржани