Испечати

Кекси со лешници и нутела

Кекси со лешници и нутела

Состојки

  • 200 гр потпечени ситно мелени лешници
  • 220 гр путер на собна температура
  • 180 гр ситен шеќер
  • 2 кесички ванилен шеќер
  • 2 мали јајца
  • 1/2 лажиче прашак за пециво
  • околу 450 гр брашно

Подготовка

Во сад се ставаат сите состојки освен брашното. Брашното постепено додавајте го и месите додека се добие средно тврдо нелепливо тесто. Потоа на набрашнета површина развлечите кора дебела околу 4-5 мм и со калапчиња вадите колачи пола цели а пола со отвор и редете ги во плех обложен со хартија.
Печете ги во претходно загреана рерна на 170-180 степени околу 10-12 мин благо да заруменат.
Оставете ги да оладат и потоа лепете ги со нутела по две колачиња.