Макаронс од лешници со Нутела ганаш
Не е тешко да се направат Макаронс, иако на многу места така ќе слушнете или прочитате. Ама, не треба импровизирање, ниту со состојките, ниту со начинот на подготовка, зошто нема да испаднат како треба...Добро направените Макаронс треба да имаат стопало, тоа е оној дел при дното што изгледа како набран, површината треба да е мазна и сјајна, како лушпа од јајце, филот не треба да излегува надвор, а кога ќе ги загризете под крцкавата лушпа треба да има мека, не растеглива внатрешност... Ете, така велат...
Ако немате бадемово брашно, излупете и сосема ситно сомелете бадеми, па просејте ги низ сосема ситно сито неколку пати, да добиете толку ситно сомелени, скоро како шеќер во прав. Само со такви лушпата ќе биде сосема мазна. Истото и за лешниците важи.
Белките треба да се отстоени 4-5 дена, од кои 2 дена на собна температура, покриени со прозирна фолија за да изгубат дел од влагата. Со ладни или преводени белки, површината на макаронсите ќе пука
Е, сега постапка... Во блендер ставете ги брашното од бадеми, лешници и шеќерот во прав, па пулсирајте неколку пати добро да се промешаат. Оставете на страна.
Ако немате ситен шеќер, кристал шеќер делумно сомелете го во блендер, не да стане прав, туку поситни кристали.
На два плеха од шпоретот ставете хартија за печење на која со округла модла сте исцртале од задната страна кругови со пречник 2,5 цм, на мегусебно растојание од 2,5 цм. Додуша, цртав само кога почнував да ги правам, сега, од око....
Во еден среден сад од инокс или бакар ставете ги белките и почнете да ги матите со миксер. Кога ќе се разматат во мек снег, лажица по лажица додавајте го ситниот шеќер и матете додека не добиете цврст, сјајен снег. Не прематувајте, така многу воздух ќе има во смесата, премногу ќе се дигнат во печењето и лушпата ќе се оддели од внатрешноста.
Во снегот одеднаш додајте ја смесата од бадеми, лешници и шеќер во прав. Со шпатула десетина пати енергично промешајте, а потоа мешајте со превртување на смесата, одоздола нагоре додека добро не се соедини се, а смесата не добие козистенција “на магма“. Ако ја премешате и премногу се втечни, ќе ви се разлева.
На врвот на најлон кесичка ставете продолжеток од шприц со отвор 1 цм во пречник, наполнете ја кесичката со целата смеса за тесто, затворете ја, па истиснувајте од смесата на одбележаните кругови. Кога се наполнети плеховите, удрете ги еднаш - двапати од работната површина за да се израмни површината и да се пополнат одбележаните кругови.
Оставете да се сушат 30 - 60 мин на собна температура. Така горната површина ќе се засуши и подобро ќе се формира “стапалото“. Добри се кога не се лепливи на допир.
Загрејте ја рерната на 180 Ц. Непосредно пред да го ставите плехот во рерна, намалете ја температурата на 160 Ц. Печете ги 12 - 15 мин. После 12 проверете, пробајте да го занишате горниот дел, ако е цврст за основата, готови се. Ако сеуште се климави допечете 2 - 3 мин.
Повторете ја истата постапка и со другиот плех.
Оставете да се оладат во плехот 5 мин, а потоа пренесете ги на жица да се оладат до крај. Ако не ви се одделуваат од хартијата, што буквално никогаш не ми се случило, прснете малку вода под хартијата, тоа ќе помогне.
За Нутела ганаш-от искршете го чоколадото во еден средно голем сад. Додајте ја и Нутелата. Загрејте ја слатката павлака скоро до вриење, па прелејте ја преку чоколадото и ставете кратко да отстои. Измешајте во мазна смеса која ќе ја оставите да се олади на собна температура. Потоа изматете ја со миксер да добиете чоколадна пена.
Спојувајте по 2 и во добро затворена кутија оставете ги во фрижидер до наредниот ден. Така се многу подобри отколку непосредно направени.
Чувајте ги во фрижидер, ама пред послужување донесете ги на собна температура.
Од оваа количина состојки, се добиваат 20 Макаронс.
Ова е Француски метод за правење Макаронс и е поедноставен. По Италијанскиот метод се добиваат попостојани резултати, ама е малку посложен од овој. Мене по Италијанскиот поубави ми се...
Лиценца: Сите права се задржани
E, sega nemas opravduvanje, moras i ti da napravis :))
Ne e slozeno, samo na prv pogled taka izgleda.
Fala ti :)
Eve vo sledna prilika koga ke pravam ke barame nacin i da probas :)
Одличен (5)
Slikite cista petka!!
АМАН! МА ПОБУДАЛЕ!! :) :) :) :)
сликиве ми тераат солзи на очи од убавина. шеќерко полудува кога ќе види твоја слика, само вели:
- каков талент - и кога ќе го види рецептот од мене добива само едно:
- лили е тоа, само таа може да ги прави нејзините рецепти :) :) :) :)
значи, уште собирам храброст да направам нешто твое. ПРЕКИНИ МИ НАБИВАШ НЕИЗЛЕЧЛИВИ КОМПЛЕКСИ :) :) :) :)
шала на страна. ќе бидат и твоите некој ден. им се имам намерачено, ама секогаш ми фали некоја сосотојка од тие твоите што понекогаш мислам дека непостојат во реланиот свет, туку сама си ги измислуваш :) :) :) :)
собирам плодови за божиќен колач и да уште да ги купам волшебните калапи што ги меркам.....ќе те победам во твојот рецепт! ХА! :) :) :) :)