Макаронс со кикирики
Малку поинаква верзија на макаронс, не толку комплицирана. Го нема фамозниот прстен на макаронсите, но ако ги оставите повеќе да се сушат пред печење сигурно ќе го има.
А сега да почнеме.
За овие макаронс не е потребно предходно белките да стојат 2-3 дена , може веднаш да се работи со нив (ако се во фрижидер оставете ги 2-3мин во млака вода)
Кикириките ги мелиме, потоа низ сито, ги просејуваме и ги мешаме заедно со шеќрот во прав. Белките се матат заедно со 50гр шеќер откако ќе се добие цврст снег (да не биде многу цврст) ги додаваме кикириките и шеќерот во прав и мешаме со дрвена или силиконска лажица. Мешаме додека смесата почнува да паѓа во млазови, не е премногу цврста или премногу течна.
На плех ставаме хартија за печење и со шприц правиме кругчиња мегу нив да има растојание од 2цм. Се оставаат да се сушат 10-60мин зависи од температурата во просторијата (овој пат мене не ми се чекаше, па не ги оставив да се исушат убаво и затоа го нема тој прстен )
За тоа дали се исушени се проверува со прст, не треба да лепат. Исушените макаронс се ставаат во загреана рерна на 140 степени околу 13-15мин.
Се оставаат да се изладат.
Во мегувреме се спрема филот. Жолчките се матат, се додава шеќерот и чоколадото и сето ова се става на пареа. Откако убаво ќе се стопи чоколадото се додава и маргаринот и тој да се стопи. Откако убаво ќе се згустни се трга на страна се мати со миксер смесата да се изедначи и се остава да се излади. Изладените макаронс се премачкуваат со филот и спремни се за јадење.
Лиценца: Сите права се задржани