
5
јун
2015
Видео рецепт: Макарунс, а не Макаронс
Фичо ќе подготви едноставен и брз десерт од кокос, Макарунс. Тоа не е исто со Макаронс, кои содржат бадеми и се многу посложени за подготовка.
Подготовка
Чекор 1: Рерната загрејте ја на 175 степени.
Чекор 2: Во сад за матење убаво соединете ги состојките за макарунс. Формирајте неправилни колачи и наредете ги во Ростер тавата.
Чекор 3: Печете 12-18 минути во зависност од рерната, или додека да заруменат.
Чекор 4: Растопете го чоколадото и попрскајте ги колачите од горе.
Чекор 5: Сервирајте!
СОВЕТ: За да го промените вкусот на колачите, користете различни ароми.