Мала мус торта со лешници и нутела
Состојки
- тесто
- 1 јајце
- 2 лажици шеќер
- 1 лажица млеко
- 1 лажица масло
- 1,5 лажици брашно
- на врвот на ножот пециво
- 1 рака крупни лешници
- фил
- 1 кесе прашок за чоко мус
- 250мл ладно млеко
- 1 лажица полна нутела
- 60гр ноисиет чоколадо
- чоколадни трошки
Подготовка
Тортичката ја подготвив во калап со обрач бр 17. Ако се дуплираат состојките може да се подготви торта во калап бр 22- 24. Во вангличка ги ставаме јајцето и шеќерот. Матиме додека не побели смесата. Со исклучен миксер додаваме масло, млеко, брашно и пециво. Соединуваме. Смесата ја истураме во калапот и на површината ги нанесуваме грубо сецканите лешници. Печиме околу 10 минути во загреана рерна на 170-180 степени. Испеченото тесто го оставаме да се лади. Над пареа се соединуваат чоколадото и нутелата да се изедначат. Во сад го ставаме прашакот за чоколаден мус и додаваме ладно млеко. Матиме до посакувана густина, односно не многу густо. Тука се додаваат соединети изладени чоколадо и нутела. Со лажица убаво соединуваме и овој крем го нанесуваме врз тестото. На површината ставаме чоколадни трошки. Тортичката ја оставаме во фрижидер 1 час, па го одстрануваме обрачот, сечеме парчиња и послужуваме.